Нема криза за Ферари: Производството и продажбата се одвиваат добро

од Stefanija Kuzmanovska

Производителот на познатите луксузни спортски автомобили „Ферари“ испорача 2.685 автомобили во вториот квартал годинава, двојно повеќе од минатата година, или 0,5 проценти повеќе отколку во годината пред пандемијата, пишува агенцијата Анса. Нето добивката е 1.035 милиони евра, што е двојно повеќе од минатата година и пет проценти зголемување во споредба со 2019 година.

Претседателот на компанијата, Џон Елкан, изјави дека успехот потврдува дека деловната формула на „Ферари“ е единствена.

„Секое Ферари што го презентираме поставува нови стандарди за иновација, убавина и уникатност и е основа на вистинскиот луксуз“, рече Елкан.

„Ferrari S.p.A“ е италијански производител на автомобили основан од Енцо Ферари во 1947 година во Маранело, во провинцијата Модена.

Од 21.07.2018 година, извршен директор е Луис Кери Камилери, а Џон Елкан е претседател.

Слични содржини