Нема поместување на зимскиот распуст, состојбата со ковид во училиштата е стабилна

од Берта Китинска

Министерката за образование на наука Мила Царовска денеска информираше дека тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН, нема потреба од негово поместување зашто состојбата со КОВИД-19 и натаму е стабилна.

Царовска изјави дека доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со омикрон и ако во други сектори се донесат други, како што рече, драстични мерки за ограничување, МОН тогаш има одговорност да ги разгледа тие факти и аргументи и заедно со Комисијата за заразни болести ќе донесе одлуки што ќе бидат во интерес на учениците и на заштита на јавното здравје.

– Се почитуваат протоколите, се штити јавното здравје, а учениците имаат соодветни услови за учење во училиштата. Скринингот направен од Министетството за здравство покажа дека состојбата е стабилна. МОН дневно од сите училишта собира податоци и процентот на нови позитивни случаи не се зголемува повеќе од 0,3, а во последните недели не е ни повеќе од 0,02 проценти. Вкупно, во еден момент, активни случаи со КОВИД-19 кај ученици со физичко присуство во училиштата никогаш не надмина 0,3 проценти. Ова укажува на стабилност на состојбата и дека највисок интерес на децата во моментот е да бидат во училиште, додаде министерката Царовска.

Слични содржини