Немам многу време за себе и семејството, но млад сум ќе има, вели Ковачевски

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски ги оцени 10-те денови откако е на новата функција како „турбулентни“.

-Искрено ми беше турбулентно од аспект на задачите кои ги имав јас и членовите на Владата. Никогаш не зборувам колку ми трае работниот ден, ама можете да претпоставите и од посетата на Бугарија и доаѓањето на Петков и носењето на сите одлуки досега. Не останува многу време за себе и семејството, меѓутоа се уште сум млад, така да за сѐ ќе има време. Важно е сега да ја одржиме стабилноста на енергетскиот систем, прокоментира Ковачевски за новата функција на чело на Владата во интервјуто за МТВ1.

Слични содржини