Немаме повеќе генерации за губење, нема да им дозволиме да не вратат назад, порача Пендаровски

од Vladimir Zorba

Вашата правда е и моја правда, вашата неправда ќе биде и моја грижа, им порача кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски пред граѓаните на денешниот централен митинг во Скопје.

– Се обврзувам како и досега да водам политики на заедништво, а не политики на поделби. Мојата искрена заложба е да се почитуваме, а не да се мразиме. Имам намера да помирувам, не да разгорувам конфликти. Како претседател сум подготвен да водам напред. Неуморно да работам на процесот за членство на НАТО, да бидам предводник на процесите што ќе доведат до членство во ЕУ, сподели Пендаровски.

Тој порача дека овие избори се и избори за концептот на иднината.

-Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. На сите оние кои сакаат да не вратат назад, гласно да им порачаме дека сите заедно ќе одиме напред. Не барам поддршка само да станам претседател, туку барам поддршка за концептот на иднината, концептот едно општество за сите. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.

Слични содржини