Немири во Приштина: Ветераните на ОВК се обидоа да упаднат во парламентот

од Stefanija Kuzmanovska

Косовската полиција употреби солзавец за да ги разбие демонстрациите на кои се собраа околу 2.000 воени ветерани на Ослободителна војска на Косово (ОВК), кои во еден момент се обидоа да упаднат во зградата на парламентот во Приштина.

Повод за протестот беше предлог-законот за минимални плати во јавниот сектор, во кој не се вклучени воените ветерани.

-Ако власта не го смени законот, ние повторно ќе протестираме, но демонстрациите ќе бидат побројни и побројни – изјави претставникот на бранителите Неџат Весељи.

Слични содржини