Немирите се влошуваат: Полицијата убила демонстрант во Кентаки (видео)

од Nikola Popovski

Најмалку едно лице загинало за време на протестот поради бруталната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Луисвил, Кентаки, откако безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите.

Шефот на градската полиција Стив Конрад изјавил дека инцидентот се случил кога припадниците на градската полиција и Националната гарда биле повикани да растераат голема група луѓе на паркингот пред еден пазар, јавува Си-Ен-Ен.

„Полицијата и војниците започнале со расчистување на паркингот и во еден момент било пукано врз нив. И полицијата и армијата вратиле со оган, а еден човек загинал на местото на настанот“, изјавил тој, додавајќи дека полицијата сослушувала неколку лица и собирала снимки од околниот видео-надзор во врска со инцидентот.

Стотици луѓе се уапсени и притворени во САД,  додека најмалку 200 луѓе се уапсени во Њујорк, вклучувајќи ја и ќерката на градоначалникот.

Најмалку седум полицајци се повредени, а десетици нивни возила се уништени.

Стотици луѓе биле уапсени во Лос Анџелес и Сан Диего, додека во Шарлот, Северна Каролина полицијата била каменувана.

Слични содржини