Нешков: 2021 година ќе биде добра за односите меѓу Скопје и Софија

од Nikola Popovski

Љубчо Нешков, директорот на БГНЕС и новинар кој го правеше интервјуто со премиерот Зоран Заев, смета дека нешто што е „анти“ нема перспектива, без разлика дали е анти-бугарско, анти-македонско или анти-албанско.

„Крајот на таа пропаганда е без перспектива и поради тоа нешто сум апсолутно сигурен дека 2021 година ќе биде година на добрите односи меѓу Софија и Скопје“, вели Нешков за емисијата „Трилинг“.

Според него, никој во Софија не сака да го земе идентитетот, нацијата или јазикот.

„Тоа е лично прашање на секој еден од нас“, изјави новинарот.

Слични содржини