Нетанјаху: Без законот за регрутирање владата ќе падне

Високиот суд во 2017 година пресуди дека сеопфатните ослободувања од воена служба за студентите на јешивите се дискриминаторски и неуставни и ѝ нареди на државата да најде решение за проблемот.

од Бети Божиноска

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди денеска на својата партија, Националното либерално движење (ЛИКУД) дека нема да се откаже од нацрт-законот со кој на ултраортодоксните Евреи им се дава ослободување од регрутирањето во израелските одбранбени сили (ИДФ) и дека без тој закон, владата ќе падне, пренесува „Џерусалем пост“.

Нетанјаху го најави ова по најавата на членот на Воениот кабинет, Бени Ганц, дека ќе ја напушти владата и дека неговата партија Национално единство ќе ја напушти коалицијата ако законот биде усвоен.

Со децении наназад, ултраортодоксните мажи на возраст за регрутација во Израел можеа да ја избегнат регрутацијата со запишување во јешивите за проучување на Тора и со постојано одложување од една година додека не ја достигнат возраста за воено ослободување.

Неколку влади се мачеа да постигнат консензус за закон за регулирање на ова прашање откако Високиот суд во 2017 година пресуди дека сеопфатните ослободувања од воена служба за студентите на јешивите се дискриминаторски и неуставни и ѝ нареди на државата да најде решение за проблемот.

Слични содржини