Неуспешен грабеж во Бутел: МВР со детали за експлозијата на банкомат

од Nikola Popovski

Полицијата излезе со детали со експлозијата која се случи утрово во Бутел при што имаше обид за грабеж на банкомат.

Според МВР, четири лица го разнеле банкоматот.

„На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале“, велат од полицијата.

Како што објави претходно „Локално“, инцидентот се случил кај маркет „Диа“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Слични содржини