Невил: Јунајтед има само еден играч од светска класа во моментов

од Vladimir Zorba

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека Давид Де Хеа е единствениот играч кој е од светска класа во составот.

Голманот не беше случајно избран трипати последователно како играч на годината за „црвените ѓаволи“ помеѓу 2013 и 2016 година.

„Де Хеа е единствениот фудбалер од светска класа, кој игра за Манчестер Јунајтед“, објави Невил, цитиран од Goal.com.

„Можеби некои луѓе ќе речат дека и Санчез е таков, но тој се уште не се докажал во Јунајтед. Дефинитивно уште е далеку од тоа ниво на кое треба да е, иако тој навистина беше светска класа во последните неколку години“, вели поранешниот играч на Јунајтед.

„Давид за мене е единствениот играч во моментот. Тој е исклучителен на секој можен начин“, рече легендата.

Слични содржини