406
Манекенката и една од најубавите жени на светот, Ирина Шајк, ги изненади фановите со голема промена на имиџот.
Имено, Ирина на забавата на Булгари се појави во „бомбастичен“ стајлинг, а покрај необичниот аутфит, ја сменила и фризурата.
Атрактивната бринета, позната по бујната, долга коса, се појави со кратка коса, и наместо со помпезен волумен, го избра познатиот „влажен“ изглед.
За оваа пригода, манекенката избрала огромни фармерки, додека својата бујна фигура ја истакнала со портокалов ПВЦ корсет.
View this post on Instagram
Сите погледи беа насочени кон Ирина со причина, а коментарите за нејзиниот изглед не престануваат да се нижат.
„Како изгледа оваа жена“, „Брутално“, „Изгледаш совршено“, „Леле, каков корсет“, се само дел од коментарите на фановите.