Независна обдукција покажа дека Џорџ Флојд починал од задушување

од Vladimir Zorba

Семејството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина пред неколку дена како резултат на брутално апсење, нарачало приватна обдукција.

Тие одлучија да го сторат тоа откако официјалниот извештај од округот Хенепин покажа дека нема физички индикации за да се потврди дека Флојд починал од гушење или давење.

Резултатите од приватна и независна обдукција, штотуку објавени, нарачани од семејството Флојд, покажаа дека Џорџ починал од задушување предизвикано од постојан притисок.

Резултатите од обдукцијата беа презентирани пред медиумите од адвокатот на семејството Флојд, Бен Крамп.

Во извештајот за обдукција, потпишан од патологот Алесија Вилсон, се вели дека доказите за телото се преклопуваат со механичкото задушување што е причина за смрт во овој случај.

Таа смртта на Флојд ја нарече убиство.

Д-р Мајкл Баден го потврдува откритието и додава дека Флојд починал од задушување предизвикано од притисок на вратот и грбот.

Баден вели дека обдукцијата не покажал постоечки медицински проблем што може да предизвика негова смрт или да придонесе за неговата смрт.

Слични содржини