Николоски: Преспанскиот договор е реалност

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека Преспанскиот договор веќе е реалност.

-Тоа е реалност, друго е дали ни се допаѓа или не, вели Николоски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Совет на Европа и објасни какви се неговите односи со поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, која исто така е членка на партијата.

-Ја знам Бакојани. Заедно отидовме во Стразбур. Сме разговарале за Преспанскиот договор и тука имавме мала замерка. Таа ми кажа зошто се оптеретуваме со името, нека се вика државата така како што е, на што јас и одговорив, ако е така тогаш Грција нека се вика било како и нека не го почитува националното наследство. Чувствителни прашање се тоа, информира Николоски.

Бакојани беше на чело на грчката дипломатија во 2008 година кога Грција стави вето за приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт.

Слични содржини