Николов: Отвораме Ковид центар во Штип, продолжуваме одговорно против пандемијата

од Vladimir Zorba

„Во време на пандемија, во време на здравствена криза, кога светот е во грч, можам да кажам дека Клиничата болница во Штип и Здравствениот дом добро се справуваат со предизвикот и со лекувањето на пациентите.. Бев ангажиран како лекар во изимнатиот период, имав соработка со диекторката на Инфективно, со сите лекари, болничари, хигиенигари… направивиме протоколи како да ги примаме сите пациенти од источниот регион. Го зголемивме бројот на кревети, отвораме и нови места, каде што одат тие со полесни симптоми. Од наредната недела ќе започне да функциоионира и Ковид центарот за потешките случаи, каде ќе ги третираме заедно со колгите од другите клиники“- изјави Сашко Николов, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип во интервју на социјалните мрежи одговарајќи дали градот успева да се справи со пандемијата.

Според него, доколку биде избран за градоначалник, ќе продолжат и ќе се интензивираат активностите на локалната власт во поддршка на здравствениот систем.

„Ќе продоллжиме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за донации и од општествено одговорние компании да собираме средства за секој наш граѓанин да има маска. Со црвениот крст ќе ги најдеме постарите кои не можат да пазарат и да одат по лекови, да ги згрижиме, да им помогнеме во остварувањето на секојдневните обврски.“- пренесе Николов, дел од своите планови како градоначалник.

Слични содржини