Николовски: Ниту Заев, ниту јас не сме виновни што во 30 години институциите не се занимавале со реалните проблеми

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски за емисијата „Само интервју“ изјави дека 2016 години беа избори во кои се бореа против режим после 11 години.

„Имаше окупирање на системот, медиуми и поради сето тоа се обедини голема коалиција. 2016 година имавме различни прилики, а сега на изборите имавме различни прилики. Тогаш мотиво беше голем кај граѓаните“, рече Николовски, на прашањето зошто има намалување на гласачкото тело кај СДСМ, во однос на последните избори.

Според него, треба да се реални и да ги спроведат петте приоритети.

„Правдата, економијата и борбата против корупцијата се столбовите. Ни Заев, ниту јас не сме виновни што 30 години институциите не се занимавале со реалните проблеми. Корупцијата и криминалот не бираат по партија или националност и затоа доаѓа време кога најбескомпромисно еднаш засекогаш треба да ја  почнеме најсериозната битка“, вели Николовски.

Вицепремиерот додаде дека со ДУИ имаат коалиција без никакви нацинализми и дека многу работи ќе бидат променети.

„Имаме стабилен партнер и чист четиригодишен мандат“, изјави Николовски.

Слични содржини