Николовски: Се гордееме што во Северна Македонија денес збориме за нови 4 системи за наводнување

од Nikola Popovski

Покрај реформата на системот на субвенции максималната искористенот на ИПАРД, системите за наводнување и капиталните проекти се еден од столбовите за кои што постојано работиме во овој период и се нашите главни цели. Затоа со германската развојна банка сме во развојна фаза за распишување на тендерските постапки за 4 годлеми ситеми за наводнување во износ од 120 милиони евра, парите се обезбедени, Законот е донесен, проектната единица е формирана и ние се гордееме што во Северна Македонија денес збориме за нови 4 системи за наводнување, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој информира дека како министерство воведуваат нова мерка за поддршка на бизниси идеи во следните 5 години.

-Се помагаат помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производствтото, или почнување фабрики за расад. Овој повик ќе е отворен цела година и ќе трае до исцрпување на средствата. Наместо ние да одредуваме за што ќе се дава поддршка, земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или друга инвестиција, рече меѓу другото Николовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини