Николовски за случајот со починатиот овчар: Недозволиво е во 21. век да се носи човек на носилки

Во рамки на своето интервју дадено за МИА, првиот вицепремиер во Владата задолжен за борба против криминалот и корупцијата, Љупчо Николовски одговори за тоа до кој стадиум е расчистувањето на случајот со овчарот, Златко Божиновски кој во јавноста крена прашина поради (не) одговорноста на иснтитуциите кои впрочем и си ја префрлуваат топката едни на други.

„Како човек кој е дел од власта, чувствувам голема мачнина што се дозволи да дојде до ова. Мора да има максимална транспарентност во процесот на утврдување пропуст и одговорност во случајот со Златко Божиновски. Расчистување и одговорност за овој случај мора да има. Неприфталиво и недозволиво е во 21 век да се носи човек на носилики, а институциите да не можат да детектираат како и на никој начин да се постапи во конкретни животозагрозувачки случаи. Од страна на мојот кабинет се доставија дописи до градоначалникот на општина Кратово, до Центарот за управување со кризи и до МВР, за детални извештаи за случајот. Дополнително од ЦУК и од МВР се побара да спроведат внатрешна контрола, за постапувањето на надлежните службеници. Според последните информации од ЦУК, од страна на Комисијата којашто ја формираше Центарот, е утврдено дека од страна на оперативецот во Кратово не бил побаран хеликоптер и не била известена Дирекцијата за заштита и спасување, со што се прекршени стандардно оперативните процедури и како што најави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ќе биде поведена дисциплинска постапка. По завршувањето на целата постапка за случајот, секаде кадешто ќе биде утврдено, одговорност ќе има. Комисијата формирана од ЦУК работи и на ревидирање на стандардните протоколи кои довеле до затајување на кариките во системот. Информирани сме и дека во последна фаза е проектот со кој во случај на нужност граѓаните ќе бараат само еден оператор, на еден телефонски број без разлика дали е тоа пожар, акција за спасување, полициска асистенција или друго, со што точно ќе има протокол и синџир на одговорност, како и брзо, одговорно и навремено постапување на надлежните органи со секој конкретен случај“, посочи Николовски.

Слични содржини