Нинова: Доколку Радев не стави вето на договорот за воена помош за Украина, БСП ќе поднесе жалба

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова најави дека БСП, доколку претседателот Румен Радев не стави вето на договорот за оружје за Украина, ќе му сигнализира на Уставниот суд на Бугарија.

Нинова потсети дека Радев постојано даваше изјави дека тоа може да ја доведе Бугарија во војна, „а сега се чини дека неговата техничка влада, министерот за одбрана, го потпишал овој договор“.

„Доколку претседателот не стави вето, ќе започнеме организација за Уставен суд, бидејќи оваа одлука е противуставна“, рече Нинова на средбата со членовите на нејзината партија во Ќустендил.

Таа прецизира дека во потпишаниот договор стои дека бугарската влада може самостојно, на затворен состанок, да го промени списокот на оружје што е предвидено, како и условите на договорот.

Според Нинова, меѓународните договори не може да ги менува владата во Софија, тие треба да поминат низ ратификација во Народното собрание, според уставот. „Ова е тотално кршење на Уставот“, посочи Нинова.

Слични содржини