Ниту еден хеликоптер не гаси ноќе пожар, вели Ангелов

од Nikola Popovski

Директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека имаат вкупно 3 хеликоптери на располагање од Армијата, од кои два се за гаснење на пожар.

-Навечер не можат да гасат, но можат да летаат. Како ќе зема вода тој навечер кога ништо не се гледа. Ниту еден хеликоптер не гаси ноќе пожар. Еве гледајте и во Турција и во другите земји, рече Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој повтори дека најважно е што вчера не изгоре ниту еден човек, а се другото ќе биде надополнето.

Тој додава дека надлежност на ЦУК е да спасуваат животи.

Спасивме животи на луѓе, а потоа се останато. 1.100 војници на АРМ се во приправност, а 200 се веќе на терен и тие иако не се пожарникари, дадоа се од себе и го изгаснаа пожарот во Кочани, благодарение на тоа што директорот на ЦУК побара од врховниот командант дозвола за вклучување на армијата. Вчера се создаде паника, а таа убива и во војна и во мир. Паниката не не носи никаде, во Кочани изгореа само два покриви од куќи, а луѓето ќе бидат обесштетени. И Владата и градоначалникот на Кочани ќе направат се за да ги обесштетат луѓето, вели Ангелов.

Слични содржини