Нов биланс: Во земјотресот на индонезискиот остров Јава загинаа 252 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во земјотресот во Јава загинаа 252 лица, соопштија индонезиските власти, бидејќи под срушените згради се пронајдени уште тела.

Агенцијата за ублажување на катастрофи на својот Инстаграм профил објави дека уште 31 лице се водат како исчезнати, а стотици други се повредени.

Сианџур, јужно од Џакарта, беше најтешко погоден од земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Спасувачите не можеа да стигнат до руралните области со тешка опрема и багери за да трагаат по луѓе, бидејќи патиштата и мостовите беа уништени.

Слични содржини