Нов пораз на Лејкерси, Леброн промаши две слободни во последните моменти

од Vlatko K

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс и натаму е без победа во новата сезона од НБА лигата. Голема шанса за прв триумф „езерџиите“ испуштија рано утрово на дуелот со Сан Антонио Спарс, откако Леброн Џејмс во финишот не реализира две слободни фрлања.

Конечниот резултат 143:142 за гостите од Тексас беше поставен по продолжение. Претходно, по 48 минути беше нерешено 128:128.

Сан Антонио по првата четвртина имаше убедлива предност (40:26). Домаќините не се предаваа и постепена ја „топеа“ предноста на „Спарс“. Во последната минута негативата на ЛА Лејкерс повторно беше висока (-8), но и неа успеаја да ја анулираат и да го одведат мечот во продолжение.

Во дополнителните пет минути на теренот сосема различна слика. Лејкерс во последната минута имаа шест предност, потоа при водство од 142:141, Џејмс не реализира клучни две слободни фрлања. Сан Антонио погоди за 143:142, а Леброн промаши во последниот напад и шут за победа и од јунак стана трагичар на натпреварот.

Тој средбата ја заврши со 32 поени и 14 скока, Кајл Кузма со 37 поени и 8 скока беше најефикасен во поразениот состав.

Олдриџ со 37 и ДеРозан со 32 поени беа најефикасни во гостинскиот тим.

Сан Антонио имаат биланс од дев победи и еден пораз, Лејкерси се со три порази од стартот на сезоната во НБА лигата.

Слични содржини