НОВ ТЕЖОК ПОРАЗ: Макрон и Ле Пен останаа со празни раце по вториот круг на локалните избори

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека сите политички партии мора да извлечат поуки од слабиот од одѕив на регионалните избори во Франција што се одржаа во неделата.

Излезноста на гласачките места беше само 35 проценти, па затоа партијата на Макрон и екстремно десничарската партија Марин Ле Пен не успеаја да победат во ниту еден регион, според Ројтерс.

Конзервативецот Ксавиер Бертран, сепак, го зацементира својот статус на најдобар ривалски кандидат за Макрон и Ле Пен на претседателските избори следната година, откако ја победи крајната десница на северот на земјата за повеќе од 25 процентни поени.

„Стапката на изборна воздржаност ни кажува многу работи. Сите треба да извлечеме поуки од тоа“, му рече Макрон на Бертранд, кој е претседател на регионот „О де Франс“, додека му честиташе за победата на изборите.

Макрон разговараше со Бертранд за време на посетата на фабриката за електрични автомобили во Дуе, на северот на Франција.

Излезните анкети покажуваат дека француската крајно десничарска партија на Марин Ле Пен – Националното собрание, претрпе пораз на изборите во југоисточниот регион Прованса-Алпи-Азурниот брег (ПАЦА), каде се очекуваше да обезбеди локална база на моќ.

Излезната анкета на ИФОП покажува дека Националното собрание освои 44,2 проценти од гласовите, додека конзервативците 55,8 проценти, објави Ројтерс.

Друга анкета на „Опинион Веј“ покажа дека крајната десница освои 45 проценти од гласовите, наспроти 55 проценти од нејзините ривали.

Во друг клучен регион на вчерашните регионални избори, во северниот регион „О де Франс“, излезните анкети покажаа дека води централно-десничарската партија предводена од конзервативниот Ксавиер Бертранд.

Излезноста во 13-те региони каде се одржаа изборите беше многу мала, бидејќи гласачите обично не се заинтересирани за избор на нивните регионални администрации, бидејќи тие се одговорни само за унапредување на економскиот развој, транспортот и средните училишта.

Слични содржини