Нов закон во Шпанија ќе им овозможи на лицата постари од 14 години да го променат полот

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанските пратеници денеска гласаа за закон кој ќе им овозможи на трансродовите лица постари од 14 години да го променат својот пол без потреба од психолошка или друга медицинска евалуација, иако на децата од 14 до 16 години сè уште ќе им треба согласност од родител или старател.

Шпанскиот закон, кој беше силно критикуван од конзервативната опозиција и некои феминистки, беше усвоен во Долниот дом на парламентот со 188 гласа, додека 150 пратеници беа против, а седум беа воздржани, пренесува „Ројтерс“.

За да се усвои законот мора да биде одобрен и во Сенатот.

Слични содржини