НОВ ЗЕМЈОТРЕС ја погоди Романија

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе Романија недалеку од границата со Србија.

Земјотресот бил на длабочина од 15 километри, 14 километри северно од Таргу Зиу, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Очевидци велат дека силно се почувствувал.

„Беше кратко, но агресивно“, „Креветот ми се стресе“, „Мебелот ми се помести“, се дел од коментарите на веб-страницата на „EMSC“.

Претходно, „EMSC“ процени дека станува збор за земјотрес од 3,7 степени, а потоа 3,4 степени.

Да потсетиме, Романија во последниот месец беше погодена од десетици земјотреси на тоа подрачје.

Земјотресите што ја погодија Романија на 13 и 14 февруари беа со јачина поголема од 5 степени.

Слични содржини