Нова одлука на РКЕ – од полноќ дизелот 94 денари

Дизелот и бензините повтинија за денар ипол

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Локално

Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,50 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од 21 април во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:

-ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар

-ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар

-ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар

-Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 97,00 денари за литар

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 денари по килограм и ќе изнесува 46,288 денари.

Од РКЕ посочуваат дека намалувањето на цените е резултат на пониските референтни цени на светските пазари, особено кај дизелот, каде падот изнесува над 9 проценти.

Премиерот Христијан Мицкоски уште вчера најави намалување на цените на нафтата и бензините за околу денар и половина. Од Владата велат дека навремено се реагира на енергетските предизвици.