Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од една година беше потребна за нова средба на највисоките делегации на Србија и Косово во Брисел.

Четвртата официјална средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти започнува во четврток на 18 август во 10:30 часот, со одвоени средби на делегациите со комесарот за проширување на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за преговори, Мирослав Лајчак.

Потоа треба да следи троен состанок на кој директно би разговарале двете делегации.

По разговорите се очекува да се обратат Александар Вучиќ и Албин Курти пред новинарите, а европските преговарачи најавија неофицијален брифинг за медиумите, но и официјално соопштение за јавноста.

Сепак, европските посредници не ги потврдија конкретните теми на разговорите, додека Белград и Приштина наведоа различни приоритети во разговорите – од актуелни проблеми и тензии, спроведување на претходно постигнатите договори, работа на сеопфатен договор, до прашањето за исчезнатите лица.

Слични содржини