Сега сè лета по план на успешната  прикаска за  преговорите, на  дизаејнирите на македонската политичка криза.  Ќе видиме дали се така ќе се вози во пета, кога  ќе почнат објавите на  СЈО ,   дали за тоа се чуваат сопките , и во тој залет на демократија повторно некој ќе ја повлече рачната па ќе предизвика тумбање и така превртени ќе застанеме во место ?

лидеро

НИкола Тодоров , главниот преговарач на ВМРО ДПМНЕ, веќе лидерски изјавува  дека може да се каже дека сите услови за спроведување на договорот од Пржино се исполнети. Неговиот компањон од власта Артан  Груби во име на Ахмети вели се е средено,  се хармонизираат некои ситни разлики. Се чека се тоа да помине мазно и само на парламентот и да се заокружат  законските измените  и надопонувања.

„По сето ова може да се каже дека сите услови за имплементација договорот од Пржино се исполнети се согласуваат сите.

По вчерашната средба, претставниците на четирите политички партии ги усогласиле измените во законите за Влада и за внатрешни работи, дозволени се 15 смени во МВР, а и предизборната регулација за медиумите е веќе пред усогласување. Треба да следуваат технички работи кои се предвидени во измените на Изборниот законик во врска со изборната листа“, изјави Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека на 31 август партиските лидери ќе треба само да констатираат дека се исполнети сите услови за да се одржат предвремените избори.

И сега каде …?

Но, имајќи ги искуствата на досегашното менаџирање на кризата, најверојатно се ќе биде стокмено изгласано како што никој ништо не попречи со формирањето на СЈО, а потоа на секаков начин беше спречувана неговата функционалност.Впрочем тоа е суштината на партиската политика, декларативно си за , а со понатамошни опструкции, медиумски хушкања , пликања и спинувања, „спонтани“ протести и отпот  ја пакуваш партикската страетгија и личниот интерес на врхушките.

СЈО велат аналлитичарите ќе биде исто така  кец  во ракав и за СДСМ и за ВМРО ДПМНЕ, но главно се ќе зависи од рејтингот на неделите пред изборите. Ќе врви преговарачката приказна до пред распишување на датумот за избори  а потоа ќе си дојдат  на ред блокадата,  распуштањето  со одлука на Уставниот суд, кој спремен го чека повикот, , па потоа пак враќањето на СЈО според последниот договор, ново изгласување за 5 дена повторно, па целиот пакет на одоговлекување и нервози . Тоа се очекуваните  ујдирма на владеачката колиција, ако работата на СЈО драстиќно ги загорзи или бројките  рејтинзите потонат како што тргнале.

Ќе лета во пета и денеска работата  со преговорите  како што (пот)пишување и изгласување на закони ,но ќе се размислиме со имплементацијата,  и ќе видиме како ќе движиме не според потребите  и македонската  државна туку според партиската агенда  .Секако власта е власт и ќе се брани , но се многу ќе зависи од потезите на опозицијата,програмите на гаранторите, и сенсот и потребите (преокупацијата) на меѓународната заедница. А дали ќе тргнеме во рикверц ќе возиме напред или повторно ќе п се аркираме на дното, до следните редовни избори дефинитивно најмогу ќе зависи само од  граѓанството.

 

 

 

Слични содржини