Нови 400.000 случаи и 6.000 починати од корона ширум светот во изминативе 24 часа

од Vladimir Zorba

Повеќе од 400.000 нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите 24 часа, што е рекорд според податоците што редовно ги собира Франс прес.

Пријавени се 404.758 нови инфекции и 6.086 нови смртни случаи од Ковид-19.

Ова зголемување на бројот на заразени делумно се објаснува со зголемениот број на тестови во споредба со првиот епидемиски бран во март и април.

Во Европа, но исто така и во САД и Канада, бројот на дијагностицирање нагло се зголеми за една недела, на 44, односно 17 проценти, во споредба со претходната недела.

Во Европа, најголем број на потврдени новозаболени од почетокот на пандемијата беше четврток со повеќе од 150.000 нови инфекции низ целиот регион.

Неколку земји од стариот континент веруваат дека влегле во вториот епидемиски бран.

Бројот на потврдени жртви на Ковид-19 во Европа сега е значително помал отколку во првиот бран кога во просек имаше повеќе од 4.000 смртни случаи на ден.

Сепак, по забавувањето ова лето, кога имаше помалку од 400 смртни случаи на ден во јули, просечниот број на смртни случаи се зголемува од минатата недела и сега изнесува околу 1.000 на ден.

Во Соединетите држави, бројот на новозаболени падна во септември, откако достигна врв во средината на јули, но повторно почна да расте. Така, во просек, беа потврдени повеќе од 50.000 нови инфекции на ден во изминатите седум дена, а врв беше четвртокот со повеќе од 70.000.

Слични содржини