Нови 727 починати од коронавирус во Италија: Бројот на заразени лица е во пораст

од Nikola Popovski

Во Италија се регистрирани 727 нови смртни случаи во последните 24 часа, што е намалување од 110 од завчера.

Со ова вкупниот број на смртни случаи во таа земја се зголемил на 13.155.

Италијанските лекари изразија надеж, со оглед на вчерашните надежи, дека барем бројот на новозаразени е во опаѓање и покрај сè уште високата стапка на смртност. Денес, сепак, ситуацијата е обратна и бројот на нови случаи е зголемен на 4.782, додека бројот на починати е намален.

Бројот на случаи е во пораст и во најпогодениот регион Ломбардија. Евидентирани се скоро 500 случаи повеќе од вчера, или 1.565.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана смета дека пандемијата сега го достигнала својот пик.

Во Италија,  регистрирани се 110.574 заразени лица од ширењето на коронавирусот, додека 16.847 се излечиле.

Слични содржини