Нови две снимки: Заев преку посредник преговарал со Мијалков?!

од Берта Китинска

На Јутјуб денеска повторно се појавија нови аудио снимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Гласот на соговорникот е мутиран, но веројатно повторно се работи за Александар Верушевски бидејќи се слуша дека разговорот е во угостителски објект.

Првиот разговор според насловот на видеото алудира на договор на Заев со Сашо Мијаков. Во разговорот се споменува името Сашо, но не се споменува презиме.

Ова е транскриптот од тој разговор:

Дисторзиран глас: Значи Сашо е спремен за договор. Сашо.

Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

Дисторзиран глас: Еве, јас ако ти ветам дека ќе…м?

Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

Дисторзиран глас: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до Општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во Општина Струмица.

Дисторзиран глас: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Заев: …на контрола

Дисторзиран глас: На контрола. На контрола врз Општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат сѐ…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено, океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение.

Дистрозиран глас: Добро.

Во вториот разговор, се зборува за Шилегов.

Транскриптот од втората аудиоснимка:

Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.

Дисторзиран глас: Шилегов?

Заев: Маваше.

Дисторзиран глас: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.

Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.

 

Слични содржини