НОВИ ПРОБЛЕМИ: Германските производители на автомобили се справуваат по уривањето на мостот во Балтимор

од Vladimir Zorba

Уривањето на мостот во Балтимор, едно од најважните увозни пристаништа во САД, поинаку ги погоди германските производители на автомобили кои извезуваат автомобили во САД преку ова пристаниште, беше објавено во четвртокот.

„Нашиот терминал се наоѓа на влезот во пристаништето пред мостот, па сè уште можеме да го користиме со полн капацитет“, објавија од автомобилскиот концерн БМВ. Понатаму, беше објавено дека БМВ не го користи ова пристаниште за извоз на автомобили од своите погони во САД, туку само за увоз.

Како што пренесува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, компанијата „Мерцедес бенц“ била потешко погодена од уривањето на мостот на влезот во пристаништето, бидејќи неговите терминали се наоѓаат подлабоко во заливот, зад урнатиот мост.

Како што најавија од Мерцедес, компанијата сега се насочува кон други пристаништа на источниот брег на САД, како што се Бранзвик, Џорџија и Чарлстон, Јужна Каролина.

„Во постојан контакт сме со нашите шпедитери за да ја координираме новонастанатата ситуација“, соопштија од „Мерцедес бенц“.

Автомобилскиот концерн Порше, кој извезува голем дел од своите автомобили во САД, објави дека уривањето на мостот не влијае на испораките.

Ноќта од понеделник кон вторник, контејнерски брод удрил во една од потпорните кули на мостот, која потоа се урнала и спречила влез во едно од најважните пристаништа во САД.

Слични содржини