НОВОГОДИШНИОТ ОГНОМЕТ ЗАБРАНЕТ ВО ХОЛАНДИЈА: Болниците веќе се преоптоварени поради коронавирусот!

од Берта Китинска

Холандската влада денеска соопшти дека втора година по ред ќе го забрани традиционалниот огномет за дочекот на Новата година, за болниците да не бидат дополнително оптоварени поради можни повреди од употреба на пиротехнички средства.

Холанѓаните на новогодишната ноќ обично организираат огномет на улиците или градините, што е популарна практика, но често е проследена со повреди.

Како и минатата година, за Нова година ќе биде забранета продажба на пиротехнички средства и организирање огномет“, се вели во соопштението на Владата.

Забраната се однесува на граѓаните, додека различни заедници како општините ќе можат да организираат огномет, но само со помош на експерти за пиротехника.

Слични содржини