Нуредини: Не знаеме дали се работи за саботажа или дошло до спој во инсталациите

од Nikola Popovski

Пожарот многу брзо се прошири и сето тоа траеше 3 до 5 минути, вели д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот во Клиничката болница Тетово, во јавување во емисијата „24 анализа“.

Тој потенцира дека немало простор да се спасат сите пациенти затоа што за кратко време пожарот ги зафатил сите простории.

-Едноставно не ни се веруваше како така брзо се ширеше оганот и се сомневаме во диверзија. Сите опции се на маса, рече Нуредини, додавајќи дека се уште како болница тие не знаат дали се работи за саботажа или дошло до кратој спој во инсталациите.

Слични содржини