Обама: Порастот на екстремната нееднаквост, поттикнат од глобализацијата и технологијата, е еден од најголемите ризици за младите луѓе

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека технологијата создава се поподелен свет, поттикнувајќи ја нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните земји и луѓето во нив, пишува „Блумберг“.

„Порастот на екстремната нееднаквост, како во земјите, така и меѓу нив, поттикнат од глобализацијата и технологијата, е еден од најголемите ризици за младите луѓе, рече Обама на годишната конференција на Salesforce.com во Сан Франциско.

Додека наследникот на функцијата, Доналд Трамп, одамна си го заслужи името активен корисник на Твитер, Обама е исто така поврзан со технолошката индустрија. Неговите претседателски кампањи се познати по тоа што користат Интернет и социјални мрежи за привлекување поддржувачи.

Некои од луѓето со кои работеше Обама за време на неговото владеење потекнуваа од Силиконската долина. Како и да е, 44-от американски претседател коментираше за тоа како Интернетот помогнал во поделба на американската политика и општеството.

„Луѓето ја признаваат поларизацијата во нашата политика и со право“, рече Обама. „Тие со право гледаат предизвици како што се климатските промени и бегалците и мислат дека работите излегуваат од контрола. Зад ова, гледам чувство на вознемиреност и несигурност кај толку многу луѓе. Дел од тоа доаѓа од технологијата и постои гнев создаден од тие технологии “, коментира тој.

Социјалните мрежи, вклучително и Фејсбук, Јутјуб на Гугл, се обвинети за поттикнување на поларизација преку алгоритми.

Слични содржини