Објавено ВИДЕО од претепана жена за време на протестот во Кабул

од Vladimir Zorba

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од жена која наводно била претепана за време на протестот во Кабул.

„Рабин Садат наводно била претепана од Талибанците за време на протестот во Кабул. Апсолутно за осуда“, беше еден од коментарите што беа предизвикани од објавената снимка.

Треба да се потсети дека неколку десетици авганистански демонстранти се собраа вчера пред претседателската палата во Кабул.

Тие го повикаа новото талибанско раководство во земјата да ги почитува правата на жените и да ги вклучи во идната влада.

На еден од влезовите во претседателската палата, десетина жени рекоа дека не сакаат земјата да се врати во минатото.

Слични содржини