Оброк салата со пилешко, ориз и печурки

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 500 гр печурки

– 250 гр ориз

– 250 гр пилешко бело месо

– 200 гр слатка пченка

– 5-6 кисели краставички

– 300 гр мајонез

– 2 дл павлака

– оригано

– бибер

– сол

Подготовка:

Сварете го пилешкото бело месо, пропржете ги печурките и сварете го оризот и слатката пченка.

Кога пилешкото ќе се олади, исечкајте го на ситни парчиња, а печурките исечкајте ги на поголеми коцки.

Сваренот ориз и слатката пченка добро исцедете ги.

Измешајте го пилешкото со печурки, изладен ориз и слатка пченка, ситно сечкани кисели краставички, мајонез, павлака и оригано.

Додадете сол и бибер по вкус.

Слични содржини