OБСЕ: Екстрадицијата на Асанж може да има застрашувачко влијание врз новинарството и слободата на печатот

од Nikola Popovski

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Арлем Дезир, ги повика британските власти да не го екстрадираат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД.

Асанж е задржан во лондонски затвор, каде што утре ќе се одржи рочиште на кој би можело да се реши за неговата екстрадиција од Велика Британија.

Тој е обвинет од САД по 18 точки за објавување доверливи информации.

Доколку биде осуден, ќе му биде изречена затворска казна од 175 години.

„Особено сум загрижен за бројните обвиненија и несразмерната затворска казна, со која би можел да се соочи доколку тој биде екстрадиран или осуден“, изјави Дезир, а објави ОБСЕ.

Тој рече дека треба да се земе предвид јавниот интерес за објавување на неколку текстови на Викиликс за 2010 година, кои дадоа важен придонес во истражувачкото известување.

„Од суштинско значење е да се земат предвид последиците од слободата на изразување и слободата на медиумите во случај ако Асанж биде екстрадиран и осуден. Ова може да има застрашувачко влијание врз новинарството и слободата на печатот“, заклучи Дезир.

Слични содржини