Обвинителите и германските истражители за прв пат заедно беа да го видат местото на пожарот во Тетово

од Vladimir Zorba

Претставници на тетовското Обвинителство и Федералната криминалистичка полиција од Германија денеска во Клиничката болница во Тетово за прв пат заедно беа да го видат местото каде изгоре монтажниот објект за ковид пациенти при што загинаа 14 луѓе на 8 септември.

Од тетовското Обвинителство не дадоа подетални информации за посетата, а најавија дека во следна прилика ќе има податоци од службата за односни со јавноста при Јавното Обвинителство на Репубика Северна Македонија.

И од тетовската болница немаа информации што точно се прави денеска. Лекарите и медицинските техничари кои биле ноќта во модуларната болница веќе дале искази во Обвинителството.

Слични содржини