Обвинителството ќе ја истражува смртта на жената од Струга

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство Охрид по информациите во јавноста, отвори предмет по допрен глас за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и беше дијагностицирано присуство на вирусот КОВИД-19.

Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата.

Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност, велат оттаму.

Слични содржини