Од денес се отвораат градините на кафулињата и рестораните во Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Од денес, кафулињата и рестораните во Грција можат да послужуваат во градините за првпат во изминатите скоро шест месеци, откако Атина започна со олеснување на рестриктивните мерки.

Масите се поставуваат на одредено растојание за да се одржи социјалното растојание, додека музика и стоење не се дозволени.

Максимално шест лица е дозволено да седат на маса, додека вработените мора да извршат домашни тестови на ковид-19.

Полицискиот час што важеше од 21.00 часот сега е од 23.00 часот, а рестораните, баровите и кафулињата ќе бидат отворени до 15 минути пред полицискиот час.

Грција започна постепено укинување на рестриктивните мерки и покрај високата стапка на инфекција.

Во Грција починаа скоро 10.500 луѓе и 346.500 биле заразени од почетокот на пандемијата.

Туризмот е клучна индустриска гранка за Грција и компаниите поврзани со туризам и услуги ќе бидат отворени од 15-ти мај.

Слични содржини