Од денеска пократок полициски час и подолго работно време на рестораните

од Берта Китинска

Од денеска полицискиот час ќе започне два часа подоцна, а воедно ќе биде продолжено работното време во кафулињата и рестораните, одлучи владата во Скопје.

Според одлуката, полицискиот час ќе започне во 23 часот наместо во 21 часот и ќе трае како порано до 5 часот утредента, додека угостителските објекти ќе можат да работат до 22.30 часот, но само отворени делови, почитувајќи ги постојните мерки и протоколи.

Владата го прифати и предлогот на Комисијата за заразни болести сите македонски граѓани и странци кои пристигнуваат од Индија и Бразил да одат во задолжителна самоизолација (карантин) со цел да се спречи ширењето на нови видови на ковиди.

Ограничувањата на движењето на граѓаните ноќе беше воведен на 10 март, откако британски вид на коронавирус започна да се шири брзо, додека рестораните беа затворени од 5 април.

Слични содржини