Од паркингот на „Систина“, завршил во река – МВР со детали за автомобилот кој утринава беше изваден од Вардар

од Берта Китинска

Околу два и пол часа екипа од Противпожарната бригада на Скопје утрово го вадеше автомобилот што заврши во реката Вардар кај пешачкиот мост кај болницата „Систина“.

Утринава околу 08.00 часот од страна на случаен минувач пријавено е дека во река Вардар, поточно во близина на пешачкиот мост кај болница Систина, забележал возило „поло“.На лице место излегле екипи на ПС Карпош и Единицата за специјални задачи и возилото, сопственост на приватна фирма од Скопје, во 11.10 часот било извадено од реката.

Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини