Oдличен моден трик поради кој Кејт Мидлтон секогаш изгледа добро (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, една од најомилените членови на кралското семејство изгледа одлично во секоја прилика, и секогаш избира комбинации кои и се додворуваат на нејзината витка фигура.

Т.н. „Кејт ефект“, односно феноменот дека се што носи убавата сопруга на принцот Вилијам, се продава со молскавична брзина, е добро познат на сите љубители на модата.

Елегантната војвотка има брилијантно чувство за стил, и секогаш предизвикува позитивни реакции со нејзиниот моден избор, а таа неодамна покажа необичен стајлинг за неа бидејќи најчесто ја гледаме во женски фустани.

На првото појавување во јавност по мала пауза, Кејт покажа дека ја има модата во малиот прст.

Додека беше во посета на базата РАФ во Оксфордшир, Кејт воодушеви во комбинација која тешко може да се најде маана. Како и обично, нејзиниот класичен стил со модерен пресврт се покажа како полн погодок.

Минималистичката комбинација на беж сако, бел топ и темно сини панталони со елегантен крој се покажаа како одличен избор, а војвотката го заокружи овој кул изглед со одличен детал, кожна чанта во иста нијанса со сакото.

Кејт на тој начин повторно го примени својот моден трик кој секогаш изгледа одлично – избра сако и чанта во ист тон што на секој стајлинг ќе му дадат поелегантна нота.

Ова му дава на секој минималистички стајлинг посебен допир, а целокупниот изглед изгледа неверојатно шик.

Најдобро од се, не мора да трошите многу пари за ова, бидејќи сигурно имате сако и торба во иста боја – на пример, темно сина или црна.

Војвотката Кејт се одлучи за беж, но можете да играте и со различни варијации, како што се ​​сиви, темноцрвени …

Слични содржини