Одредена мерка притвор за насилник од Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното обвинителство поднесоа кривична пријава за извршено кривично дело „насилство“ по чл.386 ст.6 од КЗ. против Е.А. (40) поради тоа што на 28.11.2022 во угостителски објект во Скопје со остар предмет му нанел повреди на Д.Ј.

На 09.12.2022 од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје Е.А. е лишен од слобода.

Потоа тој е предаден на обвинителството и изнесен пред Судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштуваат од МВР.

Слични содржини