Огномет како никогаш претходно: 38 минути по полноќ свечено отворен Егзит

од Stefanija Kuzmanovska

Церемонијата на свеченото отворање на јубилејниог, 20-ти Егзит, која започна 38 минути по полноќ, беше обележана со спектакларен петминутен огномет зачинет со „мексикански тркала“ и бесконечни треперења на огнени sвезди што го осветлија небото над Петроварадинската тврдина.

– Убаво е да се биде тука, ние се боревме силно да бидеме тука вечерва и конечно да го вратиме животот во нормала. Нека биде забава како никогаш порано. Ги отвораме сите врати за нови димензии на постоење, Егзит за сите нас, за Нови Сад и Србија – рече Душан Ковачевиќ, основач на Егзит.

Потоа, на радост на посетителите собрани пред главната фестивалска сцена, ДЈ Снејк настапи и ги одведе обожавателите кон континуиран танц.

Слични содржини