„Око соколово“ успешна приказна во Белград, кај нас институциите си ја префрлаат топката

од Берта Китинска

Низ улиците во Белград веќе една година комуналната полиција користи теренски возила кои се опремени со најсовремен систем наречен „Око соколово“ кој врши 24-часовен надзор. Системот ги фотографира и автоматски ги пријавува недисциплинираните возачи кои се паркираат каде ќе стасаат.За тоа зошто во нашата метропола се уште не се воведе сличен систем со кој би се решил проблемот со несовесните возачи и дали на овој принцип би се ставил крај на уличниот „хаос“ редакцијата на „Локално“ упати прашања до надлежните институци.

Од Град Скопје објаснија дека тие со години бараат измени на законот за да се формира „комунална полиција“ преку која би се воспоставило ред во однос на хигиената, дивите депонии, градбите, паркирањето и узурпирањето на јавни површини.

-Ние како институција повеќе години бараме законски измени со цел формирање на т.н. „комунална полиција“ како во повеќе соседни држави и добивање на ингеренции во овие сфери, ама до тој момент не можеме да коментираме нешто што не е во наша директна надлежност, велат од Градот, додавјаќи дека тие немаат законска можност да изрекуваат казни од овој тип.

Од Министерствот за внтрешни работи, пак тврдат дека тие не се надлежни за контролирањето на непрописно паркираните возачи и дека со тоа управуваат општините и Градот Скопје кои го уредуваат сообраќајот на локалните патишта и улици на своето подрачје.

-Согласно одредбите од член 7 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата(Службен весник на Република Македонија бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18) и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата(Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/19 и 302/20 ), општините и градот Скопје го уредуваат сообраќајот на локалните патишта и улици на своето подрачје.Под уредување се опфаќа и:Утврдување на техничкото уредување на сообраќајот преку воспоставување на електронски систем за видео надзор, појаснуваат од МВР.

За тоа на кои локации најчесто се правата прекршоци и колку минатата година „пајакот“ кренал возила од „ЈП ПОЦ“ за „Локлано“ велат дека во 2020 година бројот на санкционирани непрописно паркирани возила бил драстично намален, а најголемте прекршоци биле регистрирани во секторите „Дебар Маало“ и „Буњаковец“.

-ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје во изминатите неколку години секојдневно ги санкционира сите непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот со цел трајно да се реши сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање на територија на Општина Центар.Во текот на 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 4.609 возила кои биле непрописно паркирани на територија на Општина Центар. Најголем број на прекршоци се регистрирани во секторите „Дебар Маало“ и „Буњаковец“.Во споредба со минатите години, бројот на санкционирани непрописно паркирани возила во 2020 година беше драстично намален заради кризата предизвикана од вирусот Ковид-19, велат од ЈП ПОЦ.

Нашата редакција упати и прашања до „Пајак службата“ на Град Скопје, но не добивме одговор.

Како функционира „Око соколово“ ?

Блеградските власти по една година откако го воспоставија системот, велат дека тој се покажал како многу ефикасен и дека месечно пишуваат околу 10.000 казни.

-Теренското возило нема потреба да запира и да регистира прекршители на сообраќајбните правила, бидејќи во движење со брзина од 40 километри на час може да ги забележи регистарските таблици на автомобилите кои се неправилно паркирани. Потоа автоматски се обработуваат податоците и на домашна адреса од сопственикот на „уловениот“ автомобил му се доставува направениот прекршок, а тој пак треба да се изјасни за идентитетот на лицето кое го управувало возилото кое е затечено како е неправилно паркирано, објаснуваат од комуналната полиција.

Б.М.

Слични содржини