Најмалку 7692 луѓе се убиени, а 17 811 – повредени во конфликтот во источна Украина од средината на април 2014 година, соопшти денеска Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права.

украина

“Ова е конзервативна проценка и реалните броеви може да се значително повисоки”, се истакнува во редовниот 11 -ти извештај на набљудувачите на ОН, цитиран од “Ројтерс”.

Во изданието од 1 јуни се соопштуваше за над 6 илјади загинати и над 16 000 повредени.

Во моментов во Донбас дејствува примирјето договорено во договорот од Минск од февруари 2015 година. И покрај договорот двете страни на конфликтот редовно се обвинуваат за кршење на условите за прекин на огнот.

Слични содржини