Опожарени две возила во подземна гаража во Скопје

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека две возила изгореле во подземна гаража на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

„На 27.03.2023 во 06.57 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во подземна гаража на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар при што биле опожарени патничко возило „форд фокус” и патничко возило „мазда”, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје“, појаснуваат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини