Општина Бутел организираше едно поинакво одбележување на 8-ми Март

од Vladimir Zorba

По повод 8-ми Март меѓународниот ден на жените, Општина Бутел денеска организираше едно поинакво одбележување, со цел да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.

Имено, Општина Бутел, денеска на три пункта лоцирани пред општинската зграда во Бутел 1, пред трговскиот центар во Радишани и пред Кам Маркетот во Скопје Север, од страна на доктори специјалисти беа прегледани над 250 жителки на општината.

Во прегледите беа вклучени испитувања на сатурација на кислород во крвта како и проверка на шеќер и маснотии.

Оваа праксаса Општина Бутел ја спроведува веќе четврта година, на еден поинаков начин за грижата за здравјето на жената.
Во склоп на активностите кои општината ги организианизираше беа вклучени и предавања за самопреглед на жените и за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамограф.

По повод празникот, во текот на утрешниот празник Општина Бутел ќе организира специјалистички прегледи за сите жени вработени во општинската администрација.

„Грижата за здравјето на жената значи грижа за себе, и сметаме дека женското здравје не треба да ја засега само жената, туку целото општество“, соопштија оттаму.

Слични содржини