Организаторот на протестот за поддршка на полицајците на СВР Битола бара „ќотек и багер за ѓупското – чергарско племе“

од Vladimir Zorba

Организаторот на протестот за поддршка на полицајците од СВР Битола кои се суспендирани, и кои добија кривичните пријави и дисциплински постапки за бруталното тепање на Роми, упати нови навреди, како и говор на омраза, пренесе Фронтлајн.

„Племето ѓупско успеа со снимки сечени да извојува победа врз цела полиција. Дојде ден кога полицискиот живот не вреди ни пет пари, помалку од посебната салама која му се дели пред избори на чергарите. Се срамам од полициските началници, директори и министри кои ја понижија СВР Битола на најниско можно ниво со поднесување кривични пријави на полицајците. СВР Битола која даде најмногу жртви и херои во 2001 година во одбраната на уставот, законите и територијата на оваа земја, изгуби од ѓупско вавилонските орди. После ова кој ќе стигни ќе удира врз полицијата, не сте свесни како министер и началници и господа од внатрешната контрола каква штета нанесовте не само на МВР туку и на Битола и нејзините граѓани кои се многу години заложници на безредието кое го прават ѓупско чергарското племиња. Нема попуштање, борбата продолжува, време е за масовен протест да се организира за поддршка на нашите другари од Полицијата“, пишува Христовски.

Слични содржини